Шпанскиот селектор Луис Енрике изрази задоволство од ремито (1-1) против Германија и најави дека неговата репрезентација нема да калкулира во завршниот натпревар во групата Е на Светското првенство во Катар.

Шпанија е водечка на табелата со четири бодови, пред Јапонија и Костарика со три и Германија со еден бод на последното место.

– Доколку некој ни понудеше ваква ситуација во групата по првите две кола веројатно ќе ја прифатевме без многу размислување, рече Енрике.

Шпанија во завршниот натпревар во групната фаза в четврток ќе игра против Јапонија и за пласман во осминафиналето ќе и биде доволен и бод.

– Во последниот натпревар нема да калкулираме. Идеме на победа, сакаме да бидеме први во групата, најави Енрике.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2022 02:43