Поранешниот англиски репрезентативец Гери Невил изјави денеска оти верува дека по тугалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ќе остане во Европа и ќе ја продолжи кариерата во некој врвен клуб.

Роналдо во моментов се наоѓа со репрезентацијата на Португалија на Светското првенство во Катар, а минатата недела го раскина договорот со Манчестер јунајтед.

Португалецот, наводно, има богати понуди од Саудиска Арабија и САД, но Невил верува дека Роналдо ќе потпише за европски клуб.

-Мислам дека Роналдо ќе бара врвен клуб, кој ќе му понуди договор на четири или пет месеци. Роналдо во тој клуб ќе има решавачка улога во елитата на европскиот фудбал. Мислам дека тоа му е приоритет, бидејќи сака да игра во Лигата на шампиони и да остане на највисоко ниво, рече Невил во изјава за британските медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2022 03:19