Украинка, 17-годишна девојка, е меѓу натпреварувачите за претставувањето на Шведска на „Евровизија“ следната 2023 година, во Ливерпул, објави телевизијата „СВТ“.

– Дојдов во Шведска пред осум месеци со мајка ми поради војната во мојата земја… Мојата песна ќе ви ја раскаже мојата приказна. Песната е насловена „Никогаш не се откажувај“, рече Марија Сур во видеопораката.

Таа непосредно пред руската инвазија во февруари учествувала на натпреварот „Гласот на Украина“ и нагласи оти е благодарна што учествувала на шведскиот „Мелодифестивален“. Објавена е првата половина од натпреварувачите, а втората од списокот, треба да биде објавена утре.

Со шест победници, Шведска е една од најуспешните земји на „Евросонгот“.

Марија Сур ќе пее во вториот прелиминарен круг во Линкопинг на 11 февруари.

Украинскиот „Калуш оркестар“ победи на овогодишниот „Евросонг“-натпревар во Торино, Италија. Англискиот град Ливерпул се појави како домаќин на настанот во 2023 година, оти безбедносните услови во Украина не се задоволителни.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/11/2022 12:44