Денеска започна младинската политичка конференција на тема „Западниот Балкан во контекст на безбедносните и економски предизвици предизвикани од кризата во Украина", во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, ЕДС (Европски демократски студенти) и фондацијата Конрад Аденауер.

На денешното отворање на генералното собрание на Европските демократски студенти се обратија потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар Стефан Андоновски, претседателот на УМС Сергеј Попов, директорот на КАС Даниел Браун, генералниот секретар на ЕДС Иван Ботучаров и членот на ИК на УМС Тодор Конески.

Говорниците на денешниот почетната панел дискусија ја поздравија и реафирмираа долгогодишната соработка помеѓу УМС и ЕДС.

Во своето обраќање претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов се осврна на соработката помеѓу двете организации и заедничките цели за напредок на демократијата во регионот и подобра, побезбедна и стабилна Европа, Европа за сите млади.

Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, како поранешен претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, сподели со учесниците дека своевремено бил дел од ЕДС и тој во своето обраќање ги истакна тогашните предизвици, но се осврна и на следните чекори кои мора заедно и солидарно Европа да ги преземе.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски истакна дека своевремено бил дел на ЕДС. Тој се осврна во своето обраќање за владеење на правото, за унапредување на демократијата, но и за предизвиците во ова непредвидливо време.

Во свое обраќање како и говорниците пред него Стефан Андоновски ја потенцираше важноста на соработката помеѓу овие организации, но и за предизвиците со кои регионот се соочува како што се дезинформациите и влијанието преку социјалните медиуми.

Тодор Конески како член на УМС ја потенцираше важноста на младите и нивната можноста за покревање на свеста за актуелните проблеми, но и соработката меѓу младите кои токму преку таа соработка ќе изнајдат решенија на овие проблеми.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2022 05:39