Злоупотребата на службената должност на директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска кулминира со одлука на Државниот просветен инспекторат да се поништи испитот на 111 кандидати кои посетувале обука за лиценца за директор според Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење.

Директорката на ДИЦ, одолговлекуваше со обуките и избор на обучувачи и го прекрши законот, член 18 став 8, и не закажа трет дел од испитот во законски рок. По претставка до ДПИ, државниот инспектор носи одлука да се поништи испитната сесија, на штета на кандидатите кои за оваа состојба воопшто не се виновни.

Државната инспекторка која го донеле решението МОРА да ја преиспита својата одлука и да донесе решение во корист на кандидатите, затоа што член 18 став 8 се однесува само на третиот дел од испитот.

Ги охрабруваме кандидатите да поднесат барање до ДИЦ да им се признаат првите 2 дела и изработената семинарска работа, предадени во рок и во новата сесија, како трет дел од испитот, да остане само одбраната на семинарскиот труд пред истата комисија.

Ги охрабруваме кандидатите да поднесат претставка и до Директорот на ДПИ за повторена инспекција во ДИЦ по овој предмет, со цел да се постапи во нивна корист, а за што има законска можност.

Со оглед дека во решението од Државниот просветен инспектор не се бара одговорност од инволвираните лица во ДИЦ, го повикуваме Јавното обвинителство да поведе постапка за злоупотреба на службена дејност на лицата Елизабета Наумовска, Бети Ламбева и Лидија Нарешановска Смилевска.

Јавното обвинителство мора да преиспита и дали и претходно одржаните испити за директори, во последните 3 години се одржани во законски рок и доколку не се, да ја повика на одговорност Комисијата за одземање лиценци.

Како цреша на шлагот, во одлуката за поништување на испитната сесија потпишана од разрешената Елизабета Наумовска нема правна поука за кандидатите.

Почитувани, со оваа власт на СДС и ДУИ вака функционираат институциите, противзаконски и по волја на нивните моќници. Потенцирам дека случувањата во ДИЦ не се ништо помалку од случуваат во универзитетот во Тетово, со фалсификувани дипломи.

Ваков хаос и безвластие во нашата држава немало, дури и во времето кога во претходните периоди на власт било СДСМ.

Доколку сакате промена, ајде на избори, полошо од ова не може да биде.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2022 16:35