Во болницата во Манхајм, Германија, во вторникот, лекарите морале да реанимираат 79-годишна пациентка поради друга штитеничка, пренесува „Фокс њуз“.

– Сè уште не сме сигурни дали двете жени се познаваат, но 72-годишната жена е доволно опоравена за да биде приведена, изјавила портпаролка на полицијата по инцидентот.

Имено, 72-годишната ѝ го исклучила апаратот за високопроточна кислородна терапија на својата 79-годишна „цимерка“, бидејќи ѝ пречела бучавата од уредот… Според полицијата, и двете пациентки биле сместени во иста просторија – кревет до кревет.

Инаку, имало повеќе обиди за тоа. По првото посегнување, болничарите ја предупредиле 72-годишната жена дека не смее да го исклучува уредот, оти „снабдувањето со кислород за другата пациентка е многу важно“. Сепак, таа потоа повторно одлчила да ѝ го исклучи уредот на другата пациентка.

Престапничката е уапсена за обид за убиство.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2022 16:36