Извршниот директор на рејтеон Технолоџис (Raytheon Technologies), Грег Хејс објави дека САД преговараат со земјите од Блискиот Исток за испраќање на некои од своите системи за противвоздушна одбрана НАСАМС во Украина.

– Целта е да се испратат старите верзии на ракетните системи земја-воздух НАСАМС во Украина во следните три до шест месеци. САД потоа ќе ги заменат тие системи со нови верзии на НАСАМС на Блискиот Исток во следните 24 месеци, изјави Хејс во интервју за Политико.

Хејс одби да ги именува земјите од Блискиот Исток кои ќе ги испратат системите.

Според евиденцијата на Агенцијата за одбранбена и безбедносна соработка, клиенти на НАСАМС во тој регион се Оман и Катар. Хејс нагласи дека со префрлување на системите од Блискиот Исток, Украина побрзо ќе го добие толку потребното оружје отколку ако чекаше да се произведе ново.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2022 16:57