Општина Штип ќе ги прилагодува тротоарните површини во централното градско подрајче, согласно потребите на лицата со посебни потреби.

Oва е едно од денешните ветувања на градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на дебата со претставници на здруженијата, по повод меѓународниот Ден на лицата со хендикеп.

-Разговаравме во врска со тоа како ние, како Локална самоуправа, можеме да помогнеме да се подобрат состојбите за да истите овие лица да имаат еднакви можности, еднакви права во нашата општина. Ги слушнавме очекувањата на преставниците од институциите, не само овој ден, наша обврска е во текот на целата година да даваме целосна поддршка на институциите, на здруженијата, а во изминатиот период веќе имаме воспоставено соработка. Примарна обврска на општината е да создаде соодветна инфраструктура и да помогне на лицата со попреченост да се чувствуваат еднакво, рече Јорданов.

Како клучни проблеми со кои соочуваат децата со попреченост се од инфраструктурен карактер, согласен е и дефектологот Борче Петревски. Вели дека треба да се работи на надминување на бариерите со цел овие деца послесно да се вклучат во процесот на образование, да го совладаат материјалот и да бидат прифатени во општеството.

–Клучните проблеми со кои се соочуваат децата со потешкотии во развојот, најнапред ќе ја исткнам пристапноста до самите институции во училиштата и надвор во општеството. Треба да се работи во надминување на архитектонските бариери и надминување на сите бариери околу грижата за лицата со потешкотии во развојот, со тоа што ќе се опремуваат институционално ќе се решаваат проблемите со снабдување на подобра опрема за подобро снабдување на наставниот материјал на лицата со попреченост, вели Пертовски.

Градоначалникот на Општина штип, Јорданов денеска на здруженијата за лица со посебни потреби им додели и вредносни ваучери.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2022 17:34