Бајден одобрил план според кој една недела по трката во Јужна Каролина ќе се гласа во Њу Хемпшир и Невада, потоа Џорџија и Мичиген, навеле демократски извори.

Американскиот претседател Џо Бајден побара од лидерите на демократите првите прелиминарни избори за партиската номинација за претседателските избори во земјата во 2024 година да започнат во државата Јужна Каролина, наместо во Ајова, како што е традиција, јавија западни медиуми, цитирајќи извори од Белата куќа.

Бајден одобрил план според кој една недела по трката во Јужна Каролина ќе се гласа во Њу Хемпшир и Невада, потоа Џорџија и Мичиген, навеле демократски извори.

Тоа значи дека Ајова најверојатно ќе ја изгуби позицијата што државата ја имаше повеќе од четири децении откако техничките проблеми ги нарушија резултатите од прелиминарните избори во 2020 година. Друг аргумент е желбата да се започне трката во држава со поразновидно население.

Јужна Каролина е од особено значење за Бајден, бидејќи со неговата победа на прелиминарните избори во државата во 2020 година ја започна неговата победничка кампања за номинација на демократите.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/12/2022 03:11