Бразилскиот клуб Баија одобри продажба на 90 отсто од акциите на клубот на „Сити Фудбал Груп“, пренесува „Глобо Еспорте“. Одлуката беше донесена по резултатите од гласањето одржано викендов.

– Нашите партнери донесоа историска и демократска одлука која нè приближува да станеме дел од најголемата и најиновативна фудбалска група во светот и до нова иднина за нашиот клуб. Задоволство е што нашиот сакан клуб е на пат да се приклучи на „Сити Фудбал Груп“, изјави претседателот на клубот Гилхерме Белинтани.

Спортскиот холдинг Емирати, основан во 2013 година и регистриран во Велика Британија, веќе ги поседува Њујорк сити (САД) и Мелбурн сити (Австралија), а исто така инвестира во тимовите Ломел (Белгија), Монтевидео сити Торк (Уругвај), Жирона (Шпанија) , Јокохама Ф. Маринос (Јапонија), Троа (Франција), Сити Мумбаи (Индија), Сечуан Јун (Кина).



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2022 04:54