На 04.12.2022 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.П.(29) од Куманово.

Тој бил осуден на седум години казна затвор за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница за доиздржување казна затвор од две години и три месеци.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К'шање за доиздржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2022 05:21