Десетици демонстранти кои протестираат против влошената економска состојба во Сирија, денеска упаднаа во зградата на локалната власт во градот Свеида и ја запалија.

По палењето на зградата, според очевидците се слушнале истрели од огнено оружје.

Претходно, повеќе од 200 луѓе се собраа околу зградата барајќи оставка од сирискиот претседател Башар Асад.

Според сириските државни медиуми „десетици одметници упаднале во канцеларијата на гувернерот и запалиле досиеја и службени документи“

Провинцијата Свеида, населена претежно со припадници на малцинската група Друзи, е поштедена од насилството забележано во другите делови на Сирија од почетокот на војната. Друзите долго време се спротивставуваат да бидат вовлечени во сирискиот конфликт.

Сирија е во длабока економска криза поради војната во кој загинаа стотици илјади, а раселени се милиони луѓе



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2022 05:22