Во Свети Николе, огромен број на граѓани ова неделно попладне го искористија да се вклучат и да предложат идеја која сакаат да биде реализирана во 2023 година.

Дејан Владев - Градоначалник на Општина Свети Николе и советниците се согласија со поголемиот број на граѓани дека нивните проекти се реални и возможни, и дека голем број ќе бидат имплементирани во буџетот и реализирани во претстојната буџетска година.

Радува фактот што голем број наши сограѓани го поздравија ваквиот начин на работење. Ги уверувам сите наши сограѓани, дека ова е начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ ќе функционира и во владата.

БИДИ ДЕЛ ОД ПРОМЕНИТЕ



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2022 05:46