Од реката Јукскеи извлечени се девет безживотни тела. Жртвите вчера се удавиле во реката за време на групно крштевање во едно од предградијата на Јоханесбург, соопшти денеска јужноафриканската брза помош.

– Вчера пронајдовме две тела, а денеска уште седум, изјави портпаролот на брза помош Роберт Мулауџи, додавајќи оти можно е бројот на жртвите да биде поголем.

Тој истакна дека вчера 33 верници дошле на церемонија на крштевање во реката Јукскеи, но ненадејната бура предизвика силни речни струи и предизвика поплава.

Во јуни четири лица се удавија за време на крштевање во провинцијата Лимпопо. Службата за водоснабдување и одводнување за Велигден годинава издаде посебно предупредување и апелираше да не се одржуваат церемонии за крштевање на бреговите на реките.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2022 05:51