Францускиот претседател Емануел Макрон го погоди точниот резултат на денешниот натпревар со Полска на Светското првенство во 2022 година.

Французите победија со 3:1 во осминафиналето благодарение на погодоците на Килијан Мбапе и голот на Оливие Жиру. Роберт Левандовски постигна гол за Полска.

– Мислам дека ќе победиме со 3:1! Левандовски ќе постигне еден како Мбапе и можеби Жиру кој сака да испише историја. Третиот гол на Франција може да го постигне џокер, изјави Макрон пред натпреварот во интервју за „Le Parisien“.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2022 05:56