Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 291 возач.

Како што соопшти денеска МВР, од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 192 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 99 надвор од населено место.

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.f



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2022 10:00