Тоа што Скопје е блокирано е заради тендерите на Ковачевски и Арсовска, наместо попуст за ЈСП има провизии за луѓе околу тајната коалиција.

Коалицијата која го води Град Скопје се директорите на Левица, СДС и ДУИ.

На едно место може да се најде кохабитација на овие три партии кои го предизвикаа хаосот, и на сето тоа додадена корумпираноста на Данела Арсовска.

Она што јавноста го очекува е одговор е за следните прашања:

Дали на тајната средба што ја призна Ковачевски, е договаран процент на провизија кој што треба да се исплати во приватни џебови и затоа нема вообичаен попуст каков што имало десетина години претходно за ЈСП?

Дали е точно дека попустот којшто ЈСП го договарал со набавувачот на нафта, попуст којшто сега го нема во договорот, наместо за пари за превозниците, ќе заврши во џебот на сметководител од Ѓорче Петров во Скопје, близок до Данела Арсовска, којшто во позадина управува со ЈСП?

Дали е точно дека за сите матни тендери провизија договара и едно блиско лице роднина на Данела Арсовска?

Ковачевски и Арсовска да не го дефокусираат народот. И да го решат проблемот со превозниците. Се што треба е некој од опкружувањето нивно да се откаже од провизијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2022 14:30