Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за измените на Законот за работните односи во кој беше оспорено работењето во недела. Од Стопанската комора на Северна Македонија велат дека тоа не е причина да не продолжат разговорите со Владата, со цел, како што посочуваат, конципирање ново законско решение кое ќе биде прифатливо за сите.

– Во моментов, законското решение што е во важност, нема бизнис-логика, а има многу можности за негово прилагодување, кои не се спротивни на Уставот. Притоа ги имаме предвид компаративните искуства од опкружувањето, па дури и од членките на ЕУ, каде што работата во недела не е ограничена на ваков начин како кај нас, а сепак не е спротивна на уставните принципи, велат од Комората.

Во тој правец, како што наведуваат во денешното соопштение, ќе дејствуваат во следниот период.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2022 15:07