Од траумата од долгиот стаж локална опозиција и лошата импровизација на локално владеење, не можете никако да излезете, почитувани од СДС.

За сите аргументи и факти, на очиглед на сите граѓани изнесени деновиве, понудивте само паушално соопштение и прес-конференции кои се темелат на лошо напишани лаги и индивидуални клевети.

Воопшто, немате обврска да ни одговарате. Јасно и повеќе од очигледно е, дека одбегнувате да им кажете на граѓаните навистина каква е состојбата во која се наоѓа реновираниот затвор, каква е состојбата со дисциплината во институцијата, дали навистина по личен избор на директорот Драган Крајовски се прави распоредот кој може да престојува во отворените затворски одделенија?

Директорот Драган Крајовски им должи одговор на граѓаните дали навистина е најавена контрола од Управата за извршување санкции и дали навистина во моментов со бојадисување, поправка на паднатиот таван, санација на подови се маскираат последиците од лошо употребените или злоупотребените европски и пари на граѓаните?

Сето ова, почитувани, дури и Вие знаете, со целата ваша пи-ар импровизација и незнаење, како можете да им го објаснете на граѓаните.

Вистината е сепак, дека ниту ви е грижа, ниту се секирате за граѓаните, за градот, за државата. Целото ваше внимание е концентрирано само на задоволување на вашите лични, роднински и пријателски интереси и на криминал и корупција.

Прашуваме, дали сервилниот Драган Крајовски ќе продолжи да им се сили само на вработените и натаму ќе ги оштетува неисплаќајќи им ги прекувремено обработените работни саати, па тие мора на суд да ја барат правдата?

Пораката на крајот до Вас, господине Крајовски, слободно останете лидер на партијата во распаѓање, ама имајте доблест, одете си од институцијата која очајно лошо ја водите. Навистина, доста е!!!

А, обврската на институциите да реагираат по допрен глас, останува !!!



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2022 15:08