Пред да излезе СДС и Ковачевски на прес конференција еве да проследат кој раководи со ЈСП:

1. Генерален директор Александар Стојковски (сликан во СДС штаб на трибина).

Ова е истиот директорот кој го потпишува договорот од 27 милиони евра за набавка на нафта за потребите на ЈСП, без вклучен рабат, како што до сега било пракса.

2. Оперативен директор Роберт Василковски - претходно директор на СДС во Биро за метрологија.

Човек кој по хиерархија надоле ги спроведува сите насоки на генералниот директор. И двајцата до сега кадри на СДС.

3. Финансов Данчо Воденичарски СДС од кабинетот на Чушков.

Воденичарски практично е унапреден, и како кадар на СДС од член на кабинетот на директорот, сега е финансов директор на ЈСП.

4. Портпарол Деспина Трајковска од кабинет на Чушков, сега одговорна за ПР.

5. Раководител на сектор за општи и правни работи- Сања Гелевска Трајчевски- жена на еден од директорите на ГТЦ од СДС.

Со ЈСП управува СДС. Сите значајни позиции од кои зависи функционирањето на СДС се водени од кадри на Ковачевски.

И договорот за набавка на нафта од 27 милиони евра е во целост изработен од кадрите на СДС во ЈСП, а потпишан од директорот на ЈСП кадар исто така на СДС.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2022 15:41