Прашан за тоа дека нема реакција на институциите во однос на сообраќајниот прекршок на син на заменик министерот за внатрешни работи, Ковачевски побара новинарите да се држат до информациите што ги сподели МВР.

-Ниту еден човек без разлика чиј син е не може да биде санкциониран различно од кој било друг граѓанин во држата, така што и министерот кажа дека се работело за приватно возило коешто го управувало одредено лице и кое ќе биде третирано согласно одредбите на Законот за сообраќај, рече Ковачевски, на прес-конференцијата во Владата.

Неговиот одговор е сличен и како позицијата која ја имаше кога во јавноста се откри случајот со државјанството на Онишченко, за потоа кога истиот стана мега - скандал и се откри дека се работи за човек кој работи во интерес на Руската федерација и нивните служби целосно го промени својот став.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2022 01:24