Украинскиот енергетски оператор „Укренерго“ денеска соопшти дека низ земјата ќе бидат воведени вонредни исклучувања од системот за снабдување со електрична енергија, последица на најновите руски напади врз електричната инфраструктура.

„Како последица на ракетирањата, за да се одржи баланс меѓу производството и потрошувачката на струја, се воведува вонреден режим на исклучувања од системот во сите региони на Украина. Приоритет во снабдувањето со струја ќе бидат критичните инфраструктурни објекти“, се посочува во соопштението од „Укренерго“ објавено преку Телеграм.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2022 05:14