Ракометната федерација на Македонија по повод 30-годишнината од македонската ракометна репрезентација во машка конкуренција, подготвува голем ракоменетн спектакл.
РФМ на 3 јануари во СЦ „Борис ТрајковскИ“ ќе организира ревијален натпревар меѓу сениорската репрезентација и тим составен од поранешните македонски ракометни репрезентативци.
Овој натпревар воедно ќе биде проштален на доскорешните репрезентативци Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Стојанче Стоилов и други.
Македонските навивачи ќе имаат можност да ги видат нашите репрезентативци кои во јануари ги оче кува настап на Светското првенство 2023 во Полска и Шведска.