Извршниот одбор на регионалната ракометна СЕХА Гаспром лига донесе денеска одлука како ќе изгледа составот на натпреварување за сезоната 2022/23 во која ќе се натпреваруваат две македонски екипи, шампионот Вардар 1961 и вицепрвакот Еурофарм Пелистер.

Еурофарм Пелистер ќе игра во групата А заедно со Нексе и Војводина, додека Вардар е во групата Б заедно со Татран Прешов и Партизан.

Актуелниот освојувач на СЕХА лигата, Веспрем, и ППД Загреб ќе се вклучат директно во четвртфиналето.

Завршниот турнир ќе се одржи од 21 до 23 април идната година.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2022 02:53