Врховниот суд во Лос Анџелес го прогласи поранешниот американски холивудски продуцент Харви Вајнстин за виновен за силување, во втората ваква пресуда против него.

Поротата го прогласи Вајнстин (70) за виновен по обвинението за силување и напад со сексуална пенетрација со туѓ предмет, извршени врз жена.

Поротата не можеше да донесе пресуди по две обвиненија, вклучувајќи го и силувањето на сопругата на гувернерот на Калифорнија, Џенифер Сибел Њусом, која потврди дека на судењето била означена како „Џејн До 4“.

На Вајнштајн му се заканува затворска казна до 18 години по точките за кои е осуден, но отежнувачките околности може да ја зголемат и на 24 години. Тој веќе отслужува 23-годишна затворска казна откако беше осуден за силување во Њујорк.

Вајнштајн на судењето во Лос Анџелес се соочи со седум обвиненија за силување и сексуален напад на четири жени, меѓу 2004 и 2013 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2022 10:00