Македонската ракометна репрезентација забележа победа на денешниот натпревар со Црна Гора. Избраниците на селекторот Кире Лазаров одиграа рутински натпревар и заслужено победија со 38:33.

Најефикасен во победничкиот состав беше Дејан Манасков со 10 голови, по пет постигнаа Гоце Георгиевски, Филип Талески и Игор Ѓоргиев.

Двете репрезентации утре ќе одиграат уште еден пријателски натпревар.

Овие натпревари, како и претстојните против Хрватска и Израел на почетокот на јануари се во рамките на подготовките за настапот на македонскиот национален тим на Светското првенство 2023 во Полска и Шведска



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2022 01:19