Британскиот глумец Идрис Елба го зголеми своето богатство повеќе од двојно, на 11,2 милиони фунти (12,7 милиони евра) оваа 2022 година.

Најновите сметки на 50-годишниот актер и неговата компанија „ИЕ-7 лимитед“ покажуваат дека неговиот имот во готовина се искачил на 5,8 милиони фунти во 2021., а една година порано таа бројка изнесувала 5,4 милиони фунти, пишува „Дејли мејл“. Податоците говорат и дека Идрис купил автомобил за 75.000 фунти.

Меѓу другото, Идрис порекнува дека му била понуден голем хонорар за да го замени Даниел Крејг како следниот Џејмс Бонд.

– Не, јас нема да бидам Џејмс Бонд… Јас сум веројатно најприврзаниот за улогата меѓу познатите глумци. Тоа е доволно. Нема повеќе да коментирам за тоа, изјави тој во неодамнешна прилика.

Оваа година, глумецот е актуелен во четири филмови, меѓу кои и „3.000 години копнеж“ и „Ѕвер“. Тој, исто така, повторно ќе го глуми Џон Лутер во претстојниот филм на Нетфликс – „Лутер: Паднатото Сонце“, заснован на криминалистичката серија „Лутер“.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2022 12:36