Бразилскиот репрезентативец Леонардо Дутра Фереира е нов ракометар на Вардар 1961 и ќе го носи дресот на македонскиот шампион најмалку до крајот на оваа сезона.

Дутра (26) е првото засилување во редовите на Вардар за пролетниот дел од сезоната, а во Скопје доаѓа од шпанската екипа Ла Риоха.

Договорот со Дутра е со важност до крајот на сезонава, и можност за продолжување за најмалку уште една, соопшти Вардар 1961.

Дутра е на списокот на селекторот на Бразил за СП во Полска и Шведска, и во Скопје треба да се приклучи по завршување на Мундијалот.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/12/2022 09:40