Британскиот гитарист Џеф Бек почина од менингитис на 79-годишна возраст, како што е објавено синоќа на неговата интернет-страница.

„Тој почина во вторникот откако ненадејно заболе од бактериски менингитис“, се вели во објавата.

Џеф Бек е роден во јуни 1944 година во предградие на Лондон. Овој музичар има освоено осум од американскитте музички награди „Греми“, а многумина го сметаат за гитаристички виртуоз и гениј во областа на рокенролот, блузот и џезот. Тој, инаку, свиреше во бендот „Јардбрдс“ (YardBirds), заедно со Џими Пејџ и Ерик Клептон.

На веста за неговата смрт реагираа и големи светски музичари. Мик Џегер, на пр., на Твитер напиша дека починал „прекрасен човек и еден од најголемите гитаристи во светот“.

„Никој не свиреше на гитара како Џеф“, се осврна Џин Симонс од хард-рок составот „Кис“.

Британскиот хеви-метал пејач Ози Озборн изјави дека имал „неверојатна чест“ да работи со Бек.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/01/2023 09:52