Разочарување владее во таборот на македонската ракометна репрезентација по вечерашниот висок пораз (34:24) од Холандија во второто коло на Светското првенство 2023.

Бекот Филип Кузмановски побара од своите соиграчи максимално залагање во последното коло против Аргентина и обид да се дојде до победа.

– Не ми е јасно што се случува. Навистина сме подготвени, а играме само дваесетина минути и потоа ништо не функционира. Едно се договараме друго играме. Не се изгубени шансите, ни следи дуелот со Аргентина. Нема веќе млади и стари, туку добри и лоши. Треба сите што ќе бидат на теренот да помогнат. Навистина е разочарувачки резултатот. Благодарност до нашите навивачи кои поминаа илјадници километри да ни дадат поддршка, истакна Кузмановски.

Македонската репрезентација во вторник се среќава со Аргентина во обид да дојде до позитивен резултат и пласман во следната фаза на Мундијалот во Полска и Шведска.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2023 08:21