Ракометната федерација на Македонија и два целосна поддршка на репрезентацијата која претрпе два пораза во првите две кола на Светското првенство во Полска.

– Ракометната репрезентација на Македонија учествува на осмо Светско првенство, 12-то големо натпреварување во низа. Со седум дебитанти на теренот и еден од најмладите национални тимови на мундијалот, тешко се носевме со двата противника во групата. Поразите болат и навистина ни е жал што до сега не ја израдувавме бројната фаланга во Краков. Уште еднаш, огромна благодарност за нашиот осми играч! – стои во соопштението на РФМ.

Од федерацијата им се заблагодаруваат на сите македонски навивачи кои дојдоа во Краков да ги бодрат „црвено-жолтите“.

– Пред клучниот натпревар на ова првенство, против селекцијата на Аргентина, би сакале да се заблагодариме на македонските медиуми за поддршката и љубезно да замолиме да не се вадат изјавите на играчите од контекст.

Тешко е за сите, особено за оние кои се на првите борбени линии, а сензационалистички наслови и поединечни статуси на социјалните мрежи, никому нема да донесат добро.

Тимот е сложен; пулсира во духот на единството и одиме со сите сили на трета среќа: СО СРЦЕ ЗА МАКЕДОНИЈА!! – објави РФМ

Натпреварот со Аргентина, клучен за пласман во следната фаза, ќе се игра утре со почеток во 18 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/01/2023 14:05