Македонската ракометна репрезентација настапите на Светското првенство 2023 ги продолжува со мечевите за пласман од 25 – 32. место во Плоцк, во Президент купот.
Попладнево од 15:30 часот, избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе се соочат со Алжир во првиот натпревар од Групата-2.
Во вториот меч од оваа група од 18 часот се среќаваат Тунис и Мароко.
Во натпреварите од Главната групна фаза играат: Катар – Холандија (15:30 часот) САД – Бахреин (15:30) Египет – Белгија (18:00) Германија – Аргентина (18:00) Данска – Хрватска (20:30) Норвешка – Србија (20:30).