Македонската ракометна репрезентација ќе се сооќчи со Мароко во последното (трето) коло од втората група во Президент купот на Светското првенство 2023 Полска/Шведска.
Натпреварот ќе се игра во Плоцк со почеток во 18 часот.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров доколку успеат да останат непоразени, в среда ќе играат меч за пласман на 27/28 место.
На ракометниот Мундијал, во текот на денешниот ден ќе се одиграат последните шест натпревари од втората групна фаза. Двојките се: Катар – Аргентина (15:30 часот) САД – Белгија (15:30) Хрватска – Бахреин (18:00) Србија – Холандија (18:00) Египет – Данска (20:30) Германија – Но вешка (20:30).
Пласман во четвртфиналето обезбедија: Франција, Шпанија, Шведска, Унгарија, Германија, Норвешка, Египет и Данска.