Македонската ракометна репрезентација ја забележа втората победа на Светското првенство, откако вечерва во последното, трето, коло во рамки на „Президент купот“ го совлада Мароко со 40-25 и ќе игра против Јужна Кореја, в среда од 18 часот во натпревар за пласман на 27. место.

По почетните 2-2, избраниците на селекторот Кирил Лазаров нанижаа пет голови во серија за водство од 7-2 кое го задржаа до крајот на полувремето и на пауза заминаа со предност од шест голови разлика (18-12).

Македонија го отвори второто полувреме со серија од 6-0 и во продолжението рутински го приведе натпреварот до самиот крај.

Најефикасен во македонските редови беше Филип Кузмановски со осум голови, а голманот Мартин Томовски запиша 13 интервенции и беше прогласен за играч на натпреварот.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/01/2023 03:22