Енергетиката, работната сила, градежништвото, царината и нелојалната конкуренција, беа само дел од темите на денешниот работен состанок на раководството на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

На состанокот кој се одржа во Комората, стана збор и за стопанствениците оштетени од поплавите во 2016 година во скопски Сингелиќ (населба Ченто).

-На оваа средба се разговараше за актуелните економски прашања во државата, како и за можностите за нивно надминување преку меѓусебна соработка помеѓу СКСЗМ и владините институции, информира Комората.

Состанокот го водеше претседателот на СКСЗМ Менди Ќура, а присуствуваа и економските групи и сектори на СКСЗМ.

-Ова е почеток на средбите со креаторите на политиките кои Менди Ќура ќе ги одржи во својот мандат, со што ќе ја реализира својата четиригодишна програма во согласно т со стратешките определби на СКСЗМ, наведува Комората.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2023 15:11