Франција со синоќешниот триумф над кодомаќинот на Светското првенство (СП) во ракомет, Шведска, (25-23) обезбеди пласман во финалето во кое в недела против актуелниот првак Данска ќе се обиде да го освои мундијалското злато по рекорден седми пат.

Франција низ историјата претрпе пораз само во своето премиерно финале на СП, во кое во 1993 година загуби од Русија. Оттогаш француските ракометари одиграа шест мундијалски финалиња на кои освоија исто толку златни медали (1995, 2001, 2009, 2011, 2015, 2017).

Данска, кој претходно вчера во полуфиналето ја совлада Шпанија со 26-23, во утрешното финале во Стокхолм ќе се обиде да стане прва репрезентација која три пати во серија ја освоила светска титула.

Данците прв пат го освоија мундијалското злато во 2019, а две години подоцна ја одбранија титулата.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2023 17:12