Денеска (29.01.2023) во периодот од 11.00 до 17.00 часот Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Тетово за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 109 возачи, од кои 22 за возење без возачка дозвола, 44 за непрописно вградени фолии(затемнети стакла), 6 за истечена важност на регистрација и 8 мерки кон возачи кои вршат јавен превоз на патници.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2023 03:38