Репрезентација на Шпанија го освои бронзениот медал на Светското првенство откако вечерва победи во мечот за третото место против домаќинот Шведска со 39:36.
Домаќините не успеаја до медал и покрај доброто прво полувреме и водството од 22:18 по 30 минути.
Второто полувреме Шпанците го отворија со серија од 4:0, а по водството со 24:23, веќе не му дозволија на ривалот да го врати резултатот во своја корист.
Претходно во текот на денот, Германија ја совлада Норвешка со 28:24 во меч за 5.место, додека Египет по продолженија ја совлада Унгарија со 36:35 во натпреварот за седмото место.