СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(30) од село Врапчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 19.09.2022, пријавениот се договорил со лице од тетовско село да изврши реновирање и поправка на мебел, по што го зел мебелот, а лицето му исплатило 1.600 евра.

Но, и покрај договореното А.М. не ја завршил работата и не го испорачал мебелот.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2023 04:04