Македонската фудбалска репрезентација до 21 година утре ќе ги дознае противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во 2025 година во Словачка.

Жрепката е закажана со почеток во 9 часот во седиштето на УЕФА во Нион.

Македонските фудбалери ја очекуваат жрепката од третиот „шешир“ заедно со селекциите на БиХ; Бугарија, Унгарија, Турција, Велс, Белорусија, Северна Ирска и Албанија.

Формирани ќе бидат седум групи со по шест и две со по пет репрезентации.

Пласман на ЕУРО2025 ќе обезбедат деветте првопласирани репрезентации, како и трите најдобро второпласирани. Преостанатите шест второпласирани репрезентации ќе играат во плејоф за уште три места на завршниот турнир.

Квалификациите ќе почнат во март година, а ќе финишираат во октомври идната година.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2023 01:40