Тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер ги искажа своите очекувања за вечерашниот дуел со Нексе во 3. коло на регионалната СЕХА-лига.

- Нексе е одличен тим, но видовме дека ја направија истата грешка, како и ние против Војводина. Среде подготовки сме, оставивме неколку ракометари дома за да ги заштедиме, и затоа не изгледавме добро во Нови Сад. Но, сега имаме два дена за подготовка и ќе бидеме подобри. Проблем ни е што немаме многу ракометари тука во Нашице, дојдовме само со четири бека за да покријат шеесет минути, што не е многу. Најголемиот проблем за поразот против Војводина беа техничките грешки кои ги направивме. Ги имавме дури 19, што не е нормално. Тоа ни се случи бидејќи сме во подготвителен период. Физичките тестови минатата недела беа добри, па сега работиме само на ракомет и треба да се подобриме. Имаме добри шанси да играме израмнет натпревар против Нексе и ќе бидеме подготвени за тој дуел, изјави Валтер.

Натпреварот почнува во 18 часот.

И двете екипи до сега имаат одиграно само по еден натпревар, загубија од Војводина.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/02/2023 13:49