Францускиот прволигаш Безансон ја ангажираше во своите редови македонската ракометна репрезентативка Леонида Гичевска, потпишувајќи со неа договор до крајот на сезоната.

Дваесет и четиригодишната Гичевска се сели во Франција како „медицински џокер“ од Локомотива Загреб и во Безансон треба да го надомести отсуството на повредените Одри Дембеле и Ализе Фрекон-Демуж.

-Навистина сум среќна што дојдов во Безансон. Тоа е клуб со долга и убава историја и високи цели, изјави Гичевска за клупскиот сајт.

Гичевска претходно во кариерата настапуваше за француските второлигаши Ле Пузин и Авесноа, а во најсилното француско првенство ќе дебитира во дресот на Безансон, кој по 15 одиграни кола се наоѓа на седмото место со 24 бодови, 12 помалку од лидерот Мец.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2023 11:15