Три лица биле уапсени, под сомнение дека се криумчари и биле откриени вкупно 37 мигранти во двата одвоени случаи на потера во морскиот дел во близина на грчкиот остров Кос, кога патролни бродови на крајбрежната служба на Грција бркале глисери со мигранти, објави „Катимерини“.

Според грчкиот весник,инцидентите се случиле синоќа, а во двата случаи глисерите биле сомнителни, се движеле со голема брзина и не одговориле на знаците на крајбрежната служба, по што следела потера.

Уапсени биле вкупно три лица, кои управувале со глисерите и веројатно станува збор за криумчари, а паралелно во едниот биле откриени 17, а во другиот 20 мигратни.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/02/2023 16:10