Во рамките на уште една размена на воени заробеници меѓу Украина и Русија ослободени се 114 украински војници и наредници и двајца офицери, соопшти денеска шефот на администрација на украинскиот претседател, Андриј Јермак, пренесе агенцијата УНИАН.

Оттаму прецизираат дека меѓу ослободените има бранители на Мериупол, партизани од Керсон, снајперисти од Бахмут.

Јермак, исто така, кажа дека успеале да ги извлечат телата на паднатите странски доброволци Кристофер Метју Пери и Ендрју Тобијас Метју и телото на паднатиот украински доброволец Евгениј Кулик, кој служел во Француската легија на странци.

УНИАН истакнува дека според податоците од Киев, во 2022 година од руско заробеништво се вратиле речиси 1.600 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2023 12:59