Наградуваниот ирански режисер Џафар Панахи е ослободен од затвор со кауција, два дена откако почна штрајк со глад заради казната од шест години затвор.

Тој беше снимен како се гушка со приврзаници откако вчера го напушти озлогласениот затвор „Евин“ во Техеран, јави Би-Би-Си.

Панахи (62) беше уапсен минатиот јули кога протестираше поради притворањето на двајца колеги филмаџии кои беа критички настроени кон властите.

-Со напори на семејството и адвокатот привремено е ослободен од затворот „Евин“, соопшти вчера сопругата на режисерот.

Таа за Би-Би-Си изјави дека му било кажано дека мора да ја отслужи затворска казна.

Панахи е добитник на многу награди на меѓународни филмски фестивали, вклучувајќи го и „Златниот“ лав во Венеција за филмот „Круг“ во 2000 година, главната награда на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал „Златната мечка“, за филмот „Такси“ во 2015 година, како и наградата за најдобро сценарио. на Филмскиот фестивал во Кан, за „Три лица“ во 2018 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/02/2023 16:11