Пејачката Бијонсе стана најуспешната добитничка на музичките „Греми“ награди досега, но на синоќешното доделување во Лос Анџелес ѝ побегна можеби најбитната награда - за најдобар албум, којашто ја доби Британецот Хари Стајлс, за „Harry's House“.

Бијонсе освои четири награди - за најдобра ар-ен-би песна, традиционална ар-ен-би изведба, денс/електронски албум и денс/електронски запис. Taкa, таа во кариерата досега има вкупно 32 „Греми“ одличја - што е нов рекорд.

Блуз, фолк и кантри-ветеранката Бони Раjт (73) ја доби наградата за песна на годината, за „Just Like That“. Признанието ѝ го врачи првата дама на САД, Џил Бајден, која беше една од доделувачките на свеченоста. Лизо ја доби наградата за најдобар запис на годината, за „About Damn Time“, а Адел ја има најдобрата соло-изведба во категоријата поп.

Раперот Кендрик Ламар кој освои три награди - за најдобра рап-изведба, рап-песна, за „The Heart Part 5“ и најдобар рап-албум - „Mr. Morale & the Big Steppers“.

Наградите Греми, основани 1959 година, се годишно признание за придонес во музиката и дискографијата од страна на Американската академија за уметности и науки за музички запиcи (НАРАС).



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2023 09:47