Поранешниот шеф на дипломатијата Никос Христодулидис и поранешниот дипломат Андреас Мавројанис и двајцата независни кандидати обезбедија место во вториот круг од претседателските избори во Република Кипар.

Според официјалните резултати кои ги пренесуваат кипарските медиуми, во вчерашниот прв круг со излезност од 72,04 проценти, победи Христодулидис со 32,04 отсто од гласовите, а веднаш зад него со 2,45 проценти помалку беше Мавројанис, со освоени 29,59 отсто од гласовите.

Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи в недела на 12 февруари.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2023 09:48