Вчера од 10.00 до 16.00 часот, тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај спровела засилена контрола за брзина во која вкупно биле изречени 111 мерки.

Во рамките на оваа контрола биле санкционирани 37 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место, од кои 3 возачи за повеќе од 70 километри на час.

Двојно повеќе возачи, односно 74 ја пречекориле брзината во населено место, од кои 2 за повеќе од 50 километри на час. Покрај ова, санкционирани се и 7 други видови сообраќајни прекршоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2023 11:45