На улицата „Јосиф Даскалов“ Кратово утрово во 00.40 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишиле од слобода М.Ј.(38) од Кратово.Тој бил затекнат при обид да изврши „тешка кражба“ во деловен објект.

Од МВР појаснија дека тој се сомничи дека претходно во друг деловен објект на истата улица извршил „тешка кражба“, при што одзел повеќе предмети и пари.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. М.Ј. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2023 12:25