Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски беше во посета на ЈКП Гази Баба каде имаше средба со вработените.

Повод за средбата, беше одлуката за покачување на платите на вработените и сезонските работници во ЈКП Гази Баба.

За посетата, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук во која напиша:

Повисоки плати за вработените и сезонските работници во ЈКП Гази Баба од овој месец! По втор пат во само една година од мојот мандат ги покачуваме платите на вработените и сезонските работници во ЈКП Гази Баба. Денес бев во посета на ЈКП Гази Баба каде имав средба со вработените и дел од сезонските вработени, како и со директорот Игор Атанасовски. Вработените и сезонските работници во ЈКП Гази Баба се луѓето кои се секогаш и секаде, при секакви прилики да делуваат во интерес на граѓаните. Комуналната хигиена во општината е еден од важните сегменти во секојдневното функционирање на општината. Се додека граѓаните се задоволни од работата, мојата поддршка и трендот на зголемување на платите во ЈКП Гази Баба ќе продолжи, бидејќи ние сме тука за граѓаните. - напиша Стефковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2023 13:21